Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Европската интеграција е единствено решение за Северна Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваниот специјален претставник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ.

Вицепремиерот го запозна специјалниот претставник Рене Троказ на неговата прва официјална посета на Северна Македонија со тековните состојби, скрининг-процесот, реформите, со цел приближувањето на државата до полноправно членство со ЕУ.

На состанокот говорниците се согласија дека европската интеграција е единственото и оптимално решение за нашата држава.

Со цел да се оствари нашата заедничка стратешка цел, полноправно членство во Унијата, присуството на Франција и гласот на Париз се исклучително важни за Северна Македонија поттикнувајќи забрзување на динамиката на преговарачкиот процес на државата.

Присутните се сoгласија дека Франција и Северна Македонија остануваат посветени за заедничката заложба за остварување на европската перспектива на нашата држава и одржување на стабилноста на Западен Балкан и Европа во целост.

На состанокот присуствуваа и амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, и претставник од француското Министерство за надворешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК