Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Драмскиот театар за Мето Јовановски: Колегите ќе го памтат по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот здив

Драмскиот театар жали за смртта на Мето Јовановски, кој почина денес на 77 години.

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмскиот театар Скопје.

„Од дипломирањето во 1971 година, кога застана на сцената на Драмски со претставата ‘Што виде собарот, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откога на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на My name is Goran Stefanovski. Македонската и регионалната публика останува без актер, кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив“, велат од театарот.

Драмскиот театар изрази сочувство до почитувачите на Јовановски, а дополнително ќе биде објавено времето за оддржувањето на комеморацијата во Драмскиот театар Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК