Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пунктовите за фотографирање и издавање лични документи во Скопје ќе работат со полно работно време и на 29 и и 30 ноември

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, кои на 29 и 30 ноември имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани.

Ова доаѓа по одлуката донесена на вчерашната седница на Владата, според која работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на град Скопје на 29 ноември (среда) треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК