Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Петровски: Мицкоски не реагираше кога Курти со Касами вееше карти на голема Албанија во Тетово

„Мицкоски не реагираше кога Курти со Касами вееше карти на голема Албанија во Тетово. Слепо ли е членството, глуво ли е“ запраша Филип Петровски во емисијата „Во центар“.

Тој го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека нема способност да биде лидер и дека е избран на фалц конгрес.

„Тој беше кариката која беше неопходна за да се смени името на државата. Мицкоски го немаше пред ДИК да се бори со нас после изборите во декември 2016 година. Јас бев таму, но не и Мицкоски. Него го немаше да се бори за подобар резултат на тие избори“ рече Петровски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во времето на Ванчо Михајлов била подемократска организација отколку што е сега партијата под водство на Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК