Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криумчар на мигранти

-Денеска во с.Орашец, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слупчане, липковско, бидејќи во возилото „фолскваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал, соопшти МВР.

-Имено, околу 02.20 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +