Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Коциќ: СДСМ го реализира стратешкиот и важен енергетски проект Чебрен, после 11 неуспешни обиди на ДПМНЕ

Интегрален текст од прес-конференцијата на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Започнува реализација на стратешкиот и исклучително важен енергетски проект Чебрен, инвестиција вредна над 1 милијарда евра.

Станува збор за огромен енергетски капацитет кој драстично ќе влијае на енергетската независност на земјава и на стабилноста на системот.

Со овој нов енергетски капацитет може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија .

Зголемено производство од обновливи извори значи сигурна енергетска иднина и стабилна цена на струјата.

Дополнително поради огромната количина на електрична енергија која може да се произведе ќе можеме активно да се учествуваме и на регионалниот пазар на енергија.

Во однос на водата, интерес на државата е да има уште една голема акумулација. Придобивките кои се големи, енергетски но и за заштита од поплави, регулација на речното корито, водоснабдување.

Приватниот инвеститор ќе добие дозвола за вода за производство на електрична енергија, и само за тоа. Не може да прави што сака со водата, затоа што во законот за води јасно е наведено што е приоритет.

Обезбедени се сите потреби на земјоделците за наводнување за целокупната обработлива површина на целиот зафат и пошироко, со задоволување на потребните количини согласно Законот.

ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект ќе се реализира.

Со успешната постапката којашто ја спроведе СДСМ заштеди 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Скандалозно, Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со Одлука го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор, 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.

СДСМ, со измена на таа одлука го внесе Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.

Тоа е суштинска и огромна разлика со која се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор.

Тоа е суштинска разлика помеѓу погрешните политики на ДПМНЕ и успешните политики на СДСМ во енергетиката кои даваат резултат.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК