Од денес попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
Денес, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час).
Потоа до средината на следната седмица ќе преовладува стабилно време.
Прогноза за 12.11.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 13.11.2023
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно, претпладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 14.11.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.