Актерката Слаѓана Вујошевиќ разговара со Јована во последната епизода од „Што го врти светот?“. Слаѓана им е позната на најмладите како гласот на анимираната хероина Биби, од Светот на Биби. Таа е актерка со докторат по глума – телевизија, радио и филм во Истанбул и има бројни театарски, филмски улоги и улоги во турските серии кои се многу популарни и кај нас. Слаѓана зборуваше за тоа како е да се биде омилен лик на децата, и нејзината улога во креирањето на ликот на Биби. Нејзиниот глас бил одбран токму од децата, кои имале можност да чујат повеќе потенцијални гласови од врвни актерки.
Тоа е најубавиот комплимент. Најубавата критика која некогаш сум ја добила. -вели Слаѓана.
Таа сподели и една ситуација во која дете од првиот ред во публиката на еден од концертите каде настапувала ја прашало: Биби, како се презиваш? Прашање на кое таа немала одговор.
За да се извадам, велам „Леле другарчиња, па јас заборавив како се презивам“. И тогаш детето кое ме праша го направи најблагородниот чин кој може да го направи само дете. Толку се солидаризираше со мене, вели „Ех, Биби, не се грижи па јас понекогаш заборавам и како се викам“.
Слаѓана зборува за тоа како дел од содржините во кои работела, вклучувајќи ги Биби, но и турските серии се прават по вкус на публиката, следејќи ги нивните желби. Зборува и за тоа што може актерот, а сеуште не може Вештачката интелигенција и каква е според неа иднината на креативните индустрии во кои работи. Слушнете повеќе на линкот во продолжение:
Сите епизоди можете да ги следите на YouTube и Spotify каналите на поткастот „Што го врти светот“