Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека покрај опструкциите на ДПМНЕ прогрес имаме во 81% од поглавјата

Интегрален текст од прес-конференцијата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Извештајот на ЕК потврдува дека и покрај опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски Македонија продолжи да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

Прогрес имаме во 81% од поглавјата, а назадување нема во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност.

Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, константa која е факт неколку години наназад.

За разлика од катастрофалните извештаи во време на ДПМНЕ за заробена држава, мешање на партијата и државата и бројни сегменти со назадување со години наназад имаме драстичен напредок.

ЕК посочува дека главни кочничари на напредокот се Мицкоски, ДПМНЕ и Левица.

Поразително за ДПМНЕ е тоа што во овој Извештај на ЕК стои дека „Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок“ (страна 10 од Извештајот).

Почитувани,

Освен Извештајот, многу значајно за нас е објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан од страна на ЕУ.

За прв пат имаме резервирани пари за реформите, од кои 1 милијарда евра се на располагање за Северна Македонија.

Сега може да користиме привилегии и можности од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите. Како што баравме.

До април 2024 година целта е да се направи прв трансфер на пари. Тоа значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.

Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК