Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на амбасадорот Џонгин му посака успешна дипломатска мисија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Република Кореја во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Бае Џонгин.

Министерот Османи, на амбасадорот Џонгин му посака успешна дипломатска мисија, со уверување дека со неговото искуство ќе придонесе за понатамошно зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална соработка и можностите за нејзино унапредување. Исто така беше презентирана нивната кандидатура за ЕКСПО 2030 во Бусан а посебен акцент беше ставен на економската сфера, во која што постои голем неискористен потенцијал за развој, како и заложбите за зајакнување на бизнис релациите.

Соговорниците разговараа за приоритетите на двете земји во рамките на внатрешната и надворешната политика и разменија мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК