9.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Наскоро започнува 8-мата недела на италијанска кујна

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на настаните во рамки  8-мата Недела на италијанска кујна во Скопје, во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA- Italian Trade Agency Skopje, во соработка со Конфиндустрија Северна Македонија.

Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 14 ноември (вторник), во хотел Лимак -Скопје, со Мастерклас по италијанска кујна -слаткарство со Федерико Анцелоти,  Претседател на Националното здружение на слаткари на Италија, добитник на наградата “Prix au Chef Pâtissier“ од Меѓународната Академија за Гастрономија ( Académie Internationale de la Gastronomie) и со тоа е прогласен за еден од 5-тте најдобри слаткари во светот. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со некои од најсофистицираните рецепти за слатки на италијанската кујна во лична изведба на Маестро Анцелоти. Обуката е организирата од ITA-Italian Trade Agency Skopje во соработка со Комората на Занаетчии од град Скопје.

На 15 ноември Маестро Анцелоти ќе одржи обука за учениците, идни готвачи и слаткари од стручното училиште “Лазар Танев“.

На 15 ноември, во книжарницата Литература во Сити Мол, со почеток во 19 часот, Амбасадата на Р.Италија во соработка со издавачката куќа Арс Ламина, ќе го презентира македонското издание на првиот и најпознат италијански прирачник за готвење, објавен за првпат во 1891 година од славниот гастроном и патописец Пелегрино Артузи.

Настаните продолжуваат на 21 ноември, во хотел Лимак, со гала вечера на тема “Италијанска кујна: традиција и иновација“ организирана во соработка со Конфиндустрија Северна Македонија. Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на реномираните шефови Џовани Маскари и Иван Паломби.

Во наредните денови, следат настани организирани во Штип, Струмица и Охрид.

На 22 ноември, граѓаните на Штип ќе може да се придружат на натпреварот “Пица наспроти Пастрмајлија“ во Ресторан Китчен, каде во живо ќе може да ги следат подготовките на двете типични јадења. Настанот е организиран од Конфиндустрија Северна Македонија во соработка со шеф Џовани Маскари, под покровителство на општина Штип.

На 23 ноември, во Струмица, во ресторанот Вила Парк, демо подготовка на пица со шеф Џовани Маскари, организирано од  Конфиндустрија Северна Македонија во соработка со здружението Кво Вадис Ад Астра, под покровителство на општина Струмица.

Гастрономското патување завршува на 24 ноември во ресторанот Прова во Охрид, со демо готвење пица со шеф Џовани Маскари, организирано од  Конфиндустрија Северна Македонија.

За повеќе информации следете ја ФБ страната Недела на италијанска кујна.

#Неделанаиталијанскакујна и ФБ страната на Амбасадата на Италија во Скопје