Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Чаир – ранети и ограбени сопственици на угостителски објект

На 09.11.2023 во 22:35 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Две млади лица, едниот бил осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица, сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од други две лица, кои пукале со пиштол кон нив, откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Го потсетуваме Мицкоски на членот 368 – а од КЗ, да не ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

Поповиќ: Со наредбите до обвинителство и заканите Мицкоски ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ДЕСК