12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Известување за времен сообраќаен режим на крстосница улица Ѓорче Петров со улица Знеполе за ден /недела/ 12.11.2023 година

ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ:

Ве известуваме дека на ден 12.11.2023 година /недела/ Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје, ќе изврши монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови, како и нова семафорска инсталација на крстосницата улица Ѓорче Петров со улица Знеполе.

Поради изведба на активностите за монтажа во периодот од 8 до 11 часот, сообраќајот ќе биде комплетно затворен на потегот од крстосницата улица Ѓорче Петров со улица Македонски Војски до крстосницата на улица Ѓорче Петров со улица Никола Пускаров (семафорите кај старата општина Ѓорче Петров). Пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на улицата Борис Сарафов и на овие локации како и на сите останати внатрешни приоди ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на активностите за монтажа на новите семафори.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.