Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае Мјунг, изрази загриженост за последиците од војната во Иран, велејќи дека растечките тензии околу Ормускиот теснец не оставаат простор за оптимизам. Тој предупреди дека високите цени на нафтата и нарушувањата во синџирите на снабдување веројатно ќе продолжат.
Ли на состанокот на кабинетот во вторникот изјави дека владата треба да ги прифати продолжените нарушувања на глобалните пазари на енергија и суровини како нова реалност и соодветно да го зајакне својот систем за реагирање во вонредни ситуации.
„Тешкотиите во глобалните синџири на снабдување со енергија и суровини и високите цени на нафтата ќе продолжат засега. Ве молам да го третираме развојот на алтернативни синџири на снабдување, среднорочното до долгорочното индустриско реструктуирање и транзицијата кон економија помалку зависна од пластика како врвни национални стратешки проекти“, рече Ли.
Министерот за индустрија, Ким Јунг-кван, потврди дека нарушувањата во превозот низ Ормускиот теснец продолжуваат да влијаат на снабдувањето. Тој додаде дека дури и ако преминот се нормализира, може да потрае околу дваесет дена товарот од Блискиот Исток да стигне до Јужна Кореја./Извор:Makfax


