Centar.mk
СВЕТ

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење на суверенитетот.

Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Амир Саеид Иравани изјави дека нелегалната блокада претставува сериозно кршење на основните принципи на меѓународното поморско право.

Во понеделник, Гутереш ги повика сите страни да ја почитуваат слободата на пловидба во Ормускиот теснец, клучен пат за глобален транспорт на нафта.

Американската војска воведе блокада на иранските пристаништа во понеделник во 10 часот наутро по источно време (14 часот по Гринич) откако мировните преговори со Иран пропаднаа во Пакистан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

C +

Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета

C +

Ракети погодија брод во Оманскиот Залив

C +