Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје, има повредени

На 04.11.2023 во 17.15 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(24) од Скопје и патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.П. од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „цитроен“, В.Д.(50) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК