Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прилично силен земјотрес почуствуван во западна Македонија: „Многу се тресеше, беше страшно“ – Втор земјотрес со епицентар во Албанија

Албанија ја погоди нов земјотрес, кој беше почуствуван и во западна Македонија.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотрес со јачина од околу 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија.

Епицентарот на земјотресот е на 33 километри југоисточно од Тирана и на околу 9 километри југозападно од градот Елбасан.

Земјотресот се случил на длабочина од околу 10 километри. Земјотресот ја погоди Албанија околу 17:40 часот по локално време.

Ова е втор земјотрес што денеска ја погоди Албанија. Претходниот беше со јачина од околу 3,8 степени според Рихтеровата скала и ја погоди Албанија во 14 часот и 51 минути.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК