Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја дел од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Студеничани

„ЕВН Македонија“ известува дека, денеска, без електрична енергија ќе останат дел од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Студеничани.

Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците на улицата Дрезденска и улицата Рузвелтова во општина Карпош.

Денеска, без електрична енергија во периодот од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата Живко Фирфов, околу „Стокомак“ во општина Кисела Вода, во периодот од 9 до 14 часот, корисниците од викендичките во селото Кучково, селото Грачани, караулата „Чашка“, дел од Волково кaj гробиштата во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од дел од улицата 3 во Морани, зад училиштето во општина Студеничани.

Можеби ќе ве интересира

Широк Сокак добива семафор: Мал сообраќаен потег, голема промена за центарот на Битола

ДЕСК

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК