Centar.mk
БИЗНИС

ЕУ забрани да се користат лични податоци за рекламирање на социјалните мрежи

Европскиот одбор за заштита на податоците донесе обврзувачка одлука со која забранува да се користат личните податоци на корисниците за насочено рекламирање на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

„Се воведува забрана за обработка на лични податоци за насочено рекламирање врз правна основа на договор и легитимен интерес низ Европската економска област“, ​​објави Европскиот одбор за заштита на податоци (EDPB).

Наредбата доаѓа откако Мета објави дека корисниците на Фејсбук и Инстаграм во Европа од овој месец ќе можат да се претплатат за користење на социјалната мрежа без никакво рекламирање.

„Мета“ веќе најави дека ќе им даде можност на граѓаните во ЕУ и во Европската економска област да одобруваат, а во ноември ќе понудат претплатен модел во согласност со регулаторните барања“, изјави претставник на Мета.

Одлуката го принудува ирскиот регулатор за податоци, кој има јурисдикција над операциите на Мета во Европа, да преземе конечни дејствија по ова прашање во рок од две недели, а забраната стапува на сила седум дена подоцна.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК

Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата, вели шефот на ИЕА

C +