Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах

– Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија.

Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција.

Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК