Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: На повикот на Министерството за култура даваме предност на креативноста, инвентивноста и уникатните идеи

„Повикот за финансирање проекти од областа на културата за 2024 година беше отворен на 3 октомври и завршува на 6 ноември. На овој повик може да се пријават националните установи, но и сите кои делуваат во културата“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на МТВ.

Таа додаде дека претходно имало пракса да се дава предност на тие што го користат повикот со години, но сега е воведна практика дека треба да се даде простор на младите уметници, се додека проектите се добро елаборирани и издржани.

„Не може да бараме само искуство, затоа е добро да ги мотивираме и младите. Како и секоја година предност се дава на креативноста, инвентивноста и уникатните идеи“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека овој конкурс е поддршка за проектите и не значи дека треба да биде целосно финансирање.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК