Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Опозицијата собира политички поени со опструкциите, наместо да гласа за нешто што ќе не движи напред и ќе го подобри животниот стандард во државата

„Можеме да бараме забелешки на се и сешто, на било кој процес, да најдеме одредена маана, и да си бараме причина да гласаме или да блокираме и опструираме. Но, кога се работи за интересот на граѓаните, кога се работи за нешто коешто ќе не движи напред, нешто што ќе го подобри животниот стандард во државата, сметам дека треба да се тргне настрана и политиканството и ситни политички поени коишто опозицијата се обидува да ги направи без притоа да има еден суштински аргумент, “, истакна пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 Анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека приказните за бугарски диктати како и приказните дека не биле консултирани, паѓаат во вода со многу изјави и факти коишто се случиле во минатото, а тоа впрочем сите добро го знаат.

„Имаше покана да учествуваат во делот кога се формираа работни групи коишто ќе преговараат за преговарачката рамка. На прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели „нема да учествуваме“. Ги повикувавме за се и сешто, за се можно, а тие рекоа дека ќе блокираат затоа што сметаат дека така ќе се чукаат во гради и ќе се обидат да добијат некој политички поен и на тој начин да успеат да дојдат на власт“, заклучи Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК