Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Осумгодишно дете со тешки повреди однесено во клиника откако било удрено од автомобил

Како што соопшти полицијата вчера во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од лице(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК