Centar.mk
вестЛОКАЛНО

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за секое урбанистичко зло во Центар

Соопштение на Општина Центар:

ВМРО-ДПМНЕ е последна која било што треба да кажува на тема урбанизација во Центар. Она што денес е општината на урбанистички план е последица на нивното дивеење, криминал и алчност, а граѓаните добро паметат кој и како работел за општината. Општина Центар и актуелното раководство се пример за транспарентно работење особено во делот за урбанизмот. Ниту педа државно земјиште не е отуѓена ни злоупотребена како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ и се гради по пропис и по закон. Сите нови ДУП-ови кои се донесени се скроени исклучиво по интерес на граѓаните, со зголемени зелени површини и намалени габарити на зградите, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го правеше целосно обратно. Општината денес е вистински сервис на граѓаните и нивните потреби, работејќи транспарентно, согласно законите.

Градоначалникот Герасимовски во својот мандат има иницијативи за справување со урбнистичкиот хаос наследен од ВМРО-ДПМНЕ, како иницијативата со која наместо 30% од сопственост за дооформување на земјиште ќе бидат потребни 70% сопственост и иницијативата за конфискација на дивоградбите.

Вакви политики во времето на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало. Напротив ВМРО-ДПМНЕ е партија која си носеше ДУП-ови од ракав, онакви какви што само нив им одговараше па и покрај протестите на граѓаните истите си ги донесуваа на сила. За ВМРО-ДПМНЕ општината секогаш била и ќе биде сервис на партијата и тло за богатење на алчните партиски челници. Центарци нема да подлегнат на овие манипулации од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи добро се сеќаваат кој им носеше гласачи од Пустец само за да се приграбат до некоја зграда повеќе за свои потреби.

Можеби ќе ве интересира

Советникот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК

ДЕЛ ОД КАРПОШ БЕЗ СТРУЈА ОД 9 ЧАСОТ – Денеска планирани прекини во Козле и на „Варшавска“

ДЕСК