Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Минатата недела санкционирани се 196 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 196 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 23.10. до 29.10.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 85 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада

ДЕСК