Centar.mk
вестКУЛТУРА

481 санкционирани возачи во Скопје, 79 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 481 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 21 мерка за користење мобилен телефон при возење, 24 санкции за некористење сигурносен појас, 22 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Утре во КИЦ: Соња Стојменска-Елзесер ќе ја промовира „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски

ДЕСК

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК

„Без повод за поводи“ од Иван Антоновски во КИЦ: Нови читања на македонската книжевност

ДЕСК