Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Општина Центар започнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец

Општина Центар по барање на граѓаните започна со изведба на нови и реконструкција на постоечки пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец.

Општина Центар започна со изведба на пешачки патеки со бекатон плочки околу Олимпискиот базен затоа што повеќе години овој дел од Центар делуваше запуштено и неуредено и при поинтензивен дожд пристапите се полнеа со вода со што движењето на граѓаните беше отежнато. Со бекатон плочки се поплочува и улицата Никола Тримпаре во населбата Буњаковец која исто така при пороен дожд го отежнуваше сообраќајот за возилата и пешаците.

Со изградбата на пешачките патеки Општина Центар продолжува да ја подобрува состојбата на постојните патеки, како и да изведува нови пешачки патеки на нејзина територија кои ќе придонесат за нејзин развој и разубавување.

Можеби ќе ве интересира

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

ОХРИД ВЛЕГУВА ВО „СЕЈФ СИТИ“: Почнува нова ера на контрола и безбедност во сообраќајот

ДЕСК

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

ДЕСК