На социјалните мрежи кружи видео од страшна несреќа на роденденска забава.
Во првите кадри ја гледаме роденденската девојка опкружена со пријатели кои смислиле позната шега – да и го „залепи“ лицето во тортата. Она што следеше ја замрзна крвта во вените.
Насмеана девојка држи нож во раката, несвесна за ризиците. Штом главата завршила во тортата, направила неочекувано движење и сечилото го прободело окото на младичот.
Роденденската продолжила да се смее, бидејќи не разбрала што се случило, додека повредениот млад човек се повлекува и го држи за око.
Присутните веднаш притрчале да му помогнат, но нема информации во каква состојба завршил, јавува Lakalle Blu Radio.