На 15.11.2026 во 14:20 часот во Полициско одделение Кривогаштани е пријавено дека во с.Врбјани, прилепско, настанал пожар во куќа, сопственост на 34-годишен жител на с.Врбјани.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.


