Centar.mk
БИЗНИСвест

КОНФЛИКТОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ПОРЕМЕТИ СЕ’: Цената на нафтата повторно порасна

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска порасна за еден долар поради загриженоста на инвеститорите за потенцијални прекини во испораките од Блискиот Исток.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за еден долар и изнесува 93,26 долари за барел.

А во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за еден долар и сега изнесува 90,37 долари за барел.

Цената на двата вида нафта порасна втора недела по ред поради зголемените стравувања од ширење на конфликти на Блискиот Исток.

Можеби ќе ве интересира

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

C +

ЕВН Македонија дел од Самитот Македонија2025

C +

Престанете да пишувате белешки и преземете ја контролата: Како состаноците од еден час да ги претворите во записи од 30 секунди

C +