14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев: До Нова година ќе има зголемен број на заплени и зголемен приход којшто царината го остварува во буџетот на државата

„Малку е некоректно и неблагодарно да коментирам статистики за 2022 година коишто биле во мандат на мојатата претходничка директорка. Јас ве убедувам дека до Нова година ќе бидат скоро шест месеци како сум јас директор – едно полугодие, ќе видите дека во тие шест месеци ќе има зголемен број на заплени и зголемен приход којшто царината го остварува во буџетот на државата. Политички е некоректно да се коментира за претходно“, истакна директорот на царинската управа Стефан Богоев во интервју на ТВ24.

Тој додаде дека не бил бил на оваа позиција доколку работите биле добри и лесни.

„Јас дојдов на таа позиција за да средам одредени состојби, да ставам посериозен акцент на борбата против корупција и криминал. Штом сум дошол на осум месеци пред избори знаете дека сум дошол со некаква цел, интенција и задача да испорачам одредени резултати побрзо“, заклучи Богоев.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.