20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
+МАКЕДОНИЈА

Богоев: Нашата цел е да собереме повеќе пари во буџетот на државата, да бидеме партнер на компаниите и борба против криминал и корупција

„Нашата цел е да собереме повеќе пари во буџетот на државата, да бидеме партнер на компаниите и борба против криминал и корупција. Корејците ни донираа 4,8 милиони долари во хардвер, софтвер и во тренинзи. Хардверот е податочен склад којшто треба сите податоци коишто ги прибира по разни основи царината да стојат во тој податочен склад, а софтверот е она вештачка интелигенцција каде што се користи во сите развиени држави вклучително и во Јужна Кореа, којшто има за цел податоците од хардверот од податочниот склад да ги обработува и врз база на тоа да прави анализа на ризик“ истакна Директорот на Царинска управа Стефан Богоев.

„Ако Сеат Ризвановиќ, вие увезувате редовно 10 пати месечно мобилни телефони и еднаш месечно увезете нешто што не е типично и е сосема различно таа вештачка интелигенција ќе алармира во царината дека сепак можеби на Сеат камионите треба да се проверат затоа што тоа е нетипична пратка. Очекуваме овој хардвер и софтвер, кои се донации од корејската влада да ни помогне во двете клучни цели кои ги имаме како царина – зголемување на приходите,да бидеме сервис на стопанството односно партнер на компанијата и борба против организираниот криминал и корупција“, појасни Богоев.

Тој заклучи дека сето ова на долг рок резултира со зголемени приходи за држава, повеќе пари за болници, градинки, училишта, автопати, плати, пензии и слично.