Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

919 македонски компании кои добија поддршка од Владата инвестираат 800 милиони евра, велат од СДСМ

-За 6 години Владата предводена од СДСМ со 100 милиони евра поддржа 919 домашни, македонски компании, преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Сите овие компании веќе имаат реализирано инвестиции вредни 500 милиони евра а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период, соопшти СДСМ.

„Тоа се 800 милиони евра инвестиции од македонски компании, што е еден вид инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан.

Ова е уште една силна потврда за исправните економски политики на Владата предводена од СДСМ кои даваат резултат.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК