Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Силна поддршка за македонско членство во ЕУ, само Мицкоски и ДПМНЕ се против

– Самитот на Берлинскиот процес уште еднаш ја покажа важноста на регионот на Западен Балкан за ЕУ, но и силната поддршка за македонското членство во ЕУ, соопшти СДСМ.

„Пораките и поддршката од Канцелараот на Германија, Шолц, но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и многу се недвосмислена поддршка за процесот на проширување на Унијата, но и јасно потенцирање дека сега е моментот што треба да се искористи.

Најавен е и економски пакет од 30 милијарди евра за Западен Балкан.

Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка и забрзувач на интегративниот процес за ЕУ.

Интеграцијата на регионот во единствениот пазар на ЕУ е клучна придобивка која ќе обезбеди брз економски раст и развој, подобри можности за граѓаните и деловната заедница, подобар животен стандард, нови инвестиции, подобри плати и се разбира подобра инфраструктура.

Само Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ. Антиевропската политика на ДПМНЕ е антимакедонска и ќе биде поразена.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – народот живее полошо и нема пари

ДЕСК

Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници

ДЕСК

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе учествува на Парискиот сајбер самит

ДЕСК