Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Овие неочекувани активности може да предизвикаат срцев удар

Среде прекумерен стрес или радост, можно е да доживеете срцев удар, но не можеме да кажеме дека тие се главната причина за таа состојба.

Промените во крвните садови се главна причина за срцев удар, а можат да бидат подеднакво застапени и кај двата пола и кај различни возрасти. Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, а препознавањето на симптомите ќе ви помогне да ги спречите овие болести. Среде прекумерен стрес или радост, можно е да доживеете срцев удар, но не можеме да кажеме дека тие се главната причина за таа состојба. Сепак, треба да размислите пред да направите некои од овие активности.

Ненадејно станување од кревет наутро
Срцевите напади најчесто се случуваат наутро. Тоа е затоа што вашиот мозок го преплавува вашето тело со хормони кои ќе ви помогнат да се разбудите, но ова дополнително го оптоварува вашето срце. Она што исто така може да предизвика срцев удар при будењето е дехидрација, но и нагло станување од кревет.

Недостаток на спиење
Редовниот и квалитетен сон е неопходен за човечкото тело, а доколку не спиете доволно, можете да го зголемите ризикот од срцев удар. Недостатокот на сон може да го зголеми вашиот крвен притисок, но и да доведе до воспаление. Вашиот сон треба да трае најмалку шест до осум часа секоја вечер за да го намалите ризикот од разни болести.

Прејадување
Јасно е дека еден обилен оброк не може да предизвика срцев удар, особено ако сте личност која не е изложена на ризик од кардиоваскуларни болести. Меѓутоа, ако сте во ризичната група, големиот и тежок оброк може да го зголеми нивото на хормоните и отчукувањата на срцето и на тој начин да предизвика срцев удар.

Ненадеен или интензивен напор
Добивањето кондиција ќе го заштити вашето срце на долг рок, но претераното вежбање може да биде опасно. Околу шест проценти од срцевите удари се предизвикани од екстремен физички напор.

Секс
Како и многу форми на вежбање, сексуалната активност е поврзана со зголемен ризик од срцев удар. Сепак, оваа активност не е опасна доколку сте физички активни и здрави.

Гледање натпревари
Спортувањето може да предизвика срцев удар, но истото може да предизвика и нивно гледање. Според WebMD, студија од 2006 година покажа дека срцевите удари во Германија се зголемиле за време на Светското првенство.