Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Државата ќе им помогне на граѓаните – Обезбедени се 70 милиони евра, најави Битиќи

„Со последната пренамена на Буџетот кажавме дека има пакет на антикризни мерки, отприлика 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории“ кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

„Ние веќе имавме пакети и мерки. Имавме енергетски додаток кој се даваше на пензионери со ниски пензии. Имаше пакети, но фискалниот простор не дозволуваше да имаме дополнителни мерки. Сега остануваат денови до обзнанувањето на новиот пакет на антикризни мерки во кои ќе се опфатат сите ранливи категории“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека тој е горд што е дел од оваа Влада која покажува дека поинку ги сфаќа ранливите категории и создава мерки таргетирани за нив.

Битиќи исто така откри дека утре на седница на Влада ќе биде поднесен предлог закон за измени на платите на избраните и именуваните функционири со кои ќе се ревидираат платите.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК