Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: 919 македонски компании инвестираат 800 милиони евра и се подготвени за отворениот пазар на ЕУ

„Напоредно со странските инвестиции Владата поддржува и 919 македонски компании. До сега тие имаат реализирано 500 милиони евра инвестиции, поддржани со 100 милиони од Владата. Сите овие компании се влезени во инвестициски циклус од 800 милиони евра, значи уште 300 милиони евра ќе се раелизираат во наредниот период“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ваков инвестициски бум од домашни компании се случува прв пат во поновата историја на земајва.

„Овие 919 компании можам слободно да кажам дека се доволно конкуретни за отворениот пазар на ЕУ“ рече вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека растат и странските директни инвестиции и дека пикот на инвестиции по влезот во НАТО беше одложен поради ковид кризата, но дека сега доаѓа.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КУРСЕВИ ОД НАРОДНАТА БАНКА – Еве колку вредат еврото, доларот и швајцарскиот франк

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК