„Во текот на вчерашниот ден јас имав прес конференција, како што имам прес конфереција кога медиумите имаат желба да бидат присутни. И досега не се случило, видов натписи и одредени реакции утрово, досега не се случило да не одговорам на некое новинарско прашање. Не се случило на настан којшто е од јавен карактер да бидат присутни сите медиуми без никакви исклучоци, Кога зборуваме за слободата на медиумите и демократијата тогаш најдобро е да зборуваме врз основа на факти. Ние во државата успеавме после 11 години комплетно недемократски режим, кој одредени медиуми го поддржуваа да направиме голем исчекор во слободата на медиумите и тоа се потврдува со рангирањето коешто нашата држава го има на листата на Репортери без Граници“, рече премиерот Димитар Ковачевски на народниот собир во Прилеп, с.Селце, во одговор на прашањето во врска со вчерашната скандалозна непријатност предизвикана од прашање на новинар.
Тој додаде дека сме биле држава која што беше на 120 место во светот според слободата на медиумите, денес сме 38 место според слободата на медиумите. Тоа е скоро сто места подолува.
„Сметам дека неколку работи се важни. Прво, во однос на слободата на медиумите имаме напреднато 100 места, второ дека одговорот не беше насочен кон новинар туку како што сега објаснив, насочен кон самото прашање и одговарање на концепт во однос на прашањето. И трето што сакам да го истакнам дека во нашата држава постојат 2 политички партии кои во моментов се во опозицијата, тука мислам на ВМРО – ДПМНЕ и Левица кои единствена агенда во моментов им е ширење на тензии на национална основа која што го прават на секојдневна основа, тоа мислам ги става во прилично непријатна ситуација и медиумите со оглед на тоа што мора постојано да известуваат за се она што е кажано нормално од политичките партии“, потенцираше Ковачевски.
Тој заклучи тоа не води кон европски концепт на државата, туку води многу назад во концепт кој видовме како изгледаше во 2001 година а го видовме и како изгледаше 11 години во време кога државата беше изолирани во однос на евроинтеграциите и интеграцијата во НАТО.