Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРАвест

Режисерката Дина Дума во „Што го врти светот“: Новиот филм го развивав во Париз, во резиденцијата на Канскиот филмски фестивал

Режисерката Дина Дума, чиј дебитантски долгометражен филм „Сестри“ е објавен на најгледаната стриминг платфрома – Нефликс, гостуваше во „Што го врти светот“. Во епизодата таа зборува за македонскиот филм, како и за развојот на нејзината кариера. Дума е дел и од режисерскиот тим на Преспав најгледаната македонска серија. Дина, имаше можност да биде гостин во резиденцијата на Канскиот филмски фестивал каде го развиваше сценариото за следниот филм „Скејтањето не е за девојчиња“. 5 месеци работеше во срцето на европската кинематографија, заедно со 5 режисери од целиот свет под менторство на некои од искусни сценаристи и режисери.

– Престојот во Париз беше одлично искуство. Особено во оваа рана фаза од развој на сценариото, имав и стручна поддршка што е навистина важно. 10 дена имав можност да присуствувам на Канскиот филмски фестивал, да ги видам сите премиери, како и сите нови филмови кои таму се прикажуваат. Го презентирав проектот (новиот филм) во Кан и соработував со прекрасни луѓе.

Целата епизода можете да ја погледнете на линкот во продолжение:

Според режисерката важно е државата повеќе да вложува во филмот. На поткастот беше дискутирана и важноста која филмовите и содржините на македонски ја имаат за заштита на јазикот. И дека доколку сакаме светот да чуе содржини на македонски условот е државата да вложува во тоа. Особено недостасуваат содржини за деца, па често децата не зборуваат македонски, или зборуваат користејќи многу странски изрази и зборови.

– Особено се важни содржините за деца. Јас се соочувам со проблем сега кога правам кастинзи и сум во контакт со помладата генерација. Гледам дека тие воопшто не зборуваат македонски јазик. Повеќе знаат англиски и англицизимите многу се употребуваат и жал ми е што е тоа така.

Во текот на епизодата се зборуваше и за работата на Преспав, но и за потребата од продукција на повеќе македонски серии. Иако буџетите за продукција на серија се повисоки, сепак можноста за комерцијализација кај нив е многу поголема. Сега е одлично време да се искористат можностите кои дигиталните медиуми и платформи ги даваат за промоција на содржини продуцирани кај нас.

Можеби ќе ве интересира

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90% цел месец!

ДЕСК

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија ја објави книгата „Одблесоци на сонот“ – збирка раскази и есеи од ученици од општина Гевгелија

ДЕСК