Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Демир Хисар, пронајдени пушки и муниција, приведено едно лице

Вчера, во Демир Хисар, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода 61-годишниот Г. Ц. од Демир Хисар, извести МВР.

„При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка ‘бајкал’ во калибар од 12 мм, воздушна пушка во калибар од 4,5 мм и 17 куршуми во калибар од 12 мм“, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК