Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, баран по распишана централна потерница

Денеска, во 9.10 часот, на улицата Ѓорѓи Пенков во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот С. Л. од Скопје, извести МВР.

„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување двегодишна казна затвор за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

ДЕСК

Мицкоски со конкретен чекор за заштита на новинарите

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Додека СДС шири паника, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги сервисира наследените долгови, ги штити граѓаните и обезбедува економски развој

ДЕСК