Фејсбук статус на Милутин Ристески од СДСМ Аеродром:
Кого лажете господа од ДПМНЕ?
„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да испорача 11,5 милиони евра годишно директно од буџетот за капитални проекти во општина Аеродром.“ – вели Мицкоски денеска од Островска.
Исто вака планираа пред 2 години, со рок до крајот на 2023-та:
❌4 нови градинки – во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче,
❌проширување на објектите на градинките Сонце и Лале,
❌реконструкција на градинката во населба Лисиче,
❌парк „Радост“ на 6.000 метри квадратни во Реонски центар,
❌нова гимназија,
❌нова општинска зграда,
❌нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром,
❌нов мултифункционален центар со простории за младински центар,
❌нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче,
❌нова спортска сала во Долно Лисиче,
❌музеј на МЗТ,
❌кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче,
❌еднократна помош за новороденче зголемена од 8.000 на 20.000 денари,
❌стратегија за млади,
❌стипендии за млади таленти во износ од 30.000 денари,
❌спортски субвенции за млади во износ од 600 денари,
❌завршени сите постапки за легализација.
До денес ништо од планираното. И како по правило, друг им е крив за тоа. Владата не им одобрувала задолжување од 5,5 мил. евра, со 10 години рок на отплата и 5% годишна камата. Пази, молим те.
Се запрашал ли Тимчо, како функционираа Златко, Ивица, Киро без задолжувања? А кога ги ветуваше овие „брда и долини“ пред 2 години размисли ли како ќе ги финансира? Каде во програмата на Тимчо за Аеродром стои дека за да го реализира ветеното ќе ја задолжува општината, дека ќе ги задолжува граѓаните? И каде е програмата на Тимчо сега, да споредат граѓаните што се’ се ветуваше пред 2 години?
Вселенска програма можат да ветат така, па после „нормално“ друг ќе им биде крив што немало пари за тоа.