Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Поради неспособниот Ковачевски, инфлацијата во Македонија е 50 отсто поголема од таа во еврозоната“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Поради неспособниот Ковачевски, инфлацијата во Македонија е 50 % поголема од таа во еврозоната. Бројките на ДЗС и Евростат покажуваат дека Ковачевски лаже кога вели дека инфлацијата е увезена. Во ЕУ таа е 4,3 %, во Македонија во истиот период 6,6 %, тоа е 50 % повисока инфлација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што народот можел да го купи со 500 денари пред да дојде СДС на власт, сега не може ниту со 1.000 денари.

Цените постојано се зголемуваат, а платите не само што не се исти, туку бележат и пад.
Имено, падот на реалната плата изнесува над 5 % во 2022 година.

Падот на реалната плата и незапирливиот раст на инфлацијата ги носи граѓаните кон сиромаштија и оваа власт нема ниту идеја ниту знаење како тоа да го запре.

За Македонија да тргне напред, за да запрат катастрофите и поразите, потребни се промени, оваа власт мора да замине што побргу“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

C +

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

C +

ВО АПРИЛ СЛЕДУВА ГОЛЕМ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ОД 4 ДЕНА: Ова се сите неработни денови до крајот на 2026!

ДЕСК