25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Измените кои се залагам следната година да ги воведеме во Законот за поддршка на инвестиции е повеќе да не зависите од мојата или било чија, нечија воља

„Она што е мое лично задоволство, е тоа што успеав да го претворам портфолиото инвестиции во One stop shop за инвестиции, со 100% исплата на финансиска поддшка секоја година, без разлика дали работиме во кризи како што беше светската пандемија со КОВИД-19, енергетската и економска криза криза која навистина ја потресе Европа и светот. Тоа го постигнавме заедно со мојот тим од една страна, а вие од другата страна храбро одговоривте на предизвикот и тоа резултираше со задржување на вработените и ваш развој. Тоа, повторно нескромно ќе кажам е само докажување на дело дека овој дрим-тим во салава функционира. Затоа, измените кои се залагам следната година да ги воведеме во Законот за поддршка на инвестиции е повеќе да не зависите од мојата или било чија, нечија воља. Туку, еве екслузивна најава, една од измените ќе биде токму тоа, загарантирана 100% исплата кон секоја компанија“, истакна Вицепремиерот за економски прашања во обраќањето на Инфо сесијата посветена на стопанствениците „Довербата расте“.

Тој додаде дека на овој начин се штитат интересите на комапниите од политичка волја и го јакнат нашиот партнерски однос.
„Бидејќи вашите успешни приказни, ја креираат нашата успешна #МКЕкономија. Кога веќе го споменав нашиот партнерски однос и вашата заштита од политички влијанија и желби и пресметки… Се сеќавам на (истото ова место), но јас седев од вашата страна како претставник од комора, кога еден премиер , пред наши очи и уши, кога ние компаниите се жалевме повратот на ДДВ доцни повеќе од половина година, а тој му се сврте на министерот за финанси и му рече: Ајде, наредниве денови да се спремат исплати! Колку спротивна приказна до денешната, нели?“, потенцираше Битиќи.

Тој додаде дека повратот на ДДВ веќе не зависи од ничива лична воља. Тој се исплаќа навремено, предвидливо, плански. Тоа за вас значи предвидливост и стабилност при финансиските планирања и секако инвестирања.