Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

408 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 408 возачи. Од нив 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 148 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

ДЕСК

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА АВТОПАТОТ – Уапсен државјанин на Египет осомничен за кражба во Охрид

ДЕСК