18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Поевтинаа горивата – еве ги новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 2.10.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,215%, кај дизелот за 1,205%, кај екстра лесното масло има намалување за 1,350% и кај мазутот намалувањето е за 4,990%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,546%
Од 6.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​ 83,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ЕУРОСУПЕР БС – 98​​ 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ 86,00 (денари/литар)
Масло за горење​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​ 85,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​ ​​​​ 46,976 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,681 ден/кг и сега ќе изнесува 46,979 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.