24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ние сме тука да создаваме, а не да растураме, Отворен Балкан носи придобивки

„Ние сме тука да создаваме а не да растураме и ние сме уверени и порачуваме дек Србија и косово треба да бидат за мир и треба да направат се да ги повлечат вистинските потези, да ги направат вистинските чекори за безбедна иднина на своите граѓаните, на своите народи, меѓутоа и за стабилност на целиот регион. Ние како земја многу јасен пример дека преку активен и отворен дијалог се решаваат сите отворени прашања и дома меѓутоа и со соседите и навистина верувам дека овој регион може многу повеќе и може м,ногу подобро, и стоиме на располагање на сите процеси со нешто искуство и со реална поддршка се со цел да се обезбеди мир и стабилност во регионот кој треба и мора што поскоро да биде дел од ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по завршувањето на ЕРЗ Шпанија.

Тој додаде дека владиниот став, бидејќи министерот Османи и појасни денес тој својот став го има дадено од позиција на потпретседател на политичка партија, останува непроменет и дека како држава имаме конструктивна улога и учество во сите регионални иницијативи, вклучувајќи го и Отворен Балкан, и појасни дека се додека тие иницијативи носат конкретни придобивки за граѓаните, за државите, за економиите, за бизнисите на земјите кои што се дел од овие иницијативи.
„Ако нема мир нема да има ниту Отворен Балкан, нема да има ниту Берлински процес, а по слична аналогија ќе треба да се преиспитуваат и други меѓународни организации и иницијативи кои што вклучуваат голем број на земји, еве пример земјите на ОБСЕ ние сме земја која што председава со ОБСЕ во најтешката година за Европа, во ОБСЕ членуваат и Русија и Белорусија и Украина и во ОБСЕ имаме држава која што има нападнато друга земја членка и можете да замислете каков е предизвикот да се председава со една таква организација која што на моменти функционира на услови на блокада па и на парализа и треба многу вештина за да организацијата продолжи да делува“, заклучи Ковачевски.