Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја, денеска, делови од општините Аеродром, Карпош и Гази Баба

„ЕВН Македонија“ известува дека, денеска, без електрична енергија, ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Гази Баба.

Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Божин Николов-Силни во општина Аеродром. Во периодот од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Московска, зграда бр. 5 и бр. 7, а „Лондонска“, зграда бр. 4 б влез 1 околу „Скопски пазар – Тафталиџе“ во општина Карпош.

Како што информира ЕВН, во периодот од 9 до 16 часот, корисниците на булеварот Србија, околу бензинската пумпа „Окта“, во општина Аеродром, ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 13 часот корисниците од улицата Љубица Георгиева, зграда бр. 5 во општина Карпош, ќе немаат струја.

Во периодот од 8.15 до 14.30 часот, корисниците од Сингелиќ – улица 1634, улица 1635, улица 4 и улица 6, во местото наречено Економија во општина Гази Баба, ќе бидат без струја.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК

ПРАЗНИЧЕН БОНУС ОД 6.000 ДЕНАРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Градоначалникот ја соопшти убавата вест

ДЕСК

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

ДЕСК