Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ако секој политичар јасно ги кажува ставовите државата ќе оди напред, рече Спасовски

Јасно и гласно го кажувам својот став. Ако секој политичар има одговорност и ги кажува јасно ставовиве државата ќе оди напред. Вака министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му одговори на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски кој претходно денес рече дека министерот треба да ја напушти Владата ако не се согласува со законот за амнестија.

„Јас сакам да чујам ставови од Мицкоски за многу прашања. Но се уште не можеме да чуеме ставови и не ми е чудно кога тој не може да разбере како некој политичар има став“, рече Спасовски.

Мицкоски претходно денес рече дека Спасовски има две опции. Едната опција е ако не се согласува со законот да ја напушти владата, а втората опција е да молчи и да прифати дека тие кои што се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци, переле пари, вршеле изнуда или правеле насилство.

Спасовски во изјава за медиумите во саботата кажа дека во моментот ваков закон е непотребен.

Владата го достави законот за амнестија во Собранието, по скратена постапка.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК