22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ДПМНЕ масовно ги прислушуваше граѓаните и ги прекрши нивните права, сега е цинична и ја навредува интелигенцијата на народот, велат од СДСМ

-Лажните и неосновани се обвинувањата коишто доаѓаат од ДПМНЕ, партијата којашто масовно ги пислушуваше граѓаните, ги кршеше нивните основни човекови права, соопшти СДСМ.

„Ниту некој ги следи претставниците на ДПМНЕ ниту пак постои нелегално следење на комуникациите, тоа заврши со рушење на режимот.

Од партијата на Груевски ови лажни обивнувања звучат апсолутно цинично и ја понижуваат интелигенција на граѓаните.

Не е ни чудо што го блокираат патот кон Европа затоа што партијата која ги прекрши основните човекови права на толку многу граѓани се плаши од европското владеење на правото.“ – се вели во соопштението.